
-Доаѓам од Драчево, се симнав кај Тутунски. Одам со малото дете. Јас сум шекераш, внучето ми е со посебни потреби. Гледам се е блокирано, јас не ни знаев кои се, навистина. Само им реков „Аман бе луѓе, се сте по улиците, не може човек да помине“. Мене ова одење пешки ми значи, шеќерот ми е 20-ка. Прво пробаа да ме нападнат мажи возрасни, кога едниот го спречуваше другиот. Потоа една жена, на мои години ме удри, јас успеав да и ја фатам раката и ја држев цврсто бидејќи ме нападна. Не очекував, таа со глава силно ме удри по носот. Јас само почнав да плачам, детето го држам, се вратив назад имаше полицаец и се му раскажав. Дојдоа од полиција, направија записник- изјавува за Курир повредената жена, потенцирајќи дека била нападната без причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


