
Насос Теодоридис кој беше отстранет од партиската комисија за човекови права го поддржува уставното име, Алексис Ципрас на неколку пати повтори дека е за сложено име, а истото го потенцираше и во ланското интервју за Канал 5.
Вардарска,пак е решението кое го предлага Манолис Глезос, грчкиот херој кој во 41та го симна нацистичкото знаме од Акропол,а сега пратеник во радикалната левица.
„Манолис Глезос вели Вардарска! Јас инсистирам на ова има, бидејќи ова беше името додека беа во Југословенската Федерација“ – одговара пратеникот на СИРИЗА, во интервјуто за весникот „Параскинио“ на прашањето ако е повикан да преговара со кое размислување би настапил.
Глезос од екстремната левица, Каменос од десницата, но ни едниот ни другиот не го прифаќаат ниту нашето уставно име, ниту пак име со терминот Македонија. Дека лидерот на Независни Грци, е на иста линија со Златна зора во однос на спорот со името, уште еднаш се докажа говорејќи во Солун.
– Судбина на Солун е, судбина на Македонија, од овде да започне ослободувањето на нашата татковина. Овде, потомците на Александар Велики, Македонците, сте тие кои секогаш за започнувавте борбата за ослободување на Грција. Оваа почва овде,не издржува ниту тирани, ниту окупатори, не издржува ниту комесари – изјави Панос Каменос, претседател на Независни Грци.
Каменос при неговата посета на северниот дел од Грција, уште еднаш повтори дека грчкиот премиер и по поставените 7 пратенички прашања, се уште не одговорил во парламентот дали го прифаќа терминот Македонија во името на нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грчки дипломати за „То Вима“: Очекувањата за решение на спорот со името се мали
-
Анкета во Грција: Спорот со името го зголемил сексуалниот апетит на Грците
-
Анкета во Грција: Само 5 проценти од Грците се согласуваат терминот „Македонија“ да биде содржан во нашето име
-
Повеќе од половина Грци против терминот Македонија во името


