| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени и субвенциите за градинарски култури и овци

_domati

Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции за одгледување градинарски култури. Корисници на субвенциите се 5.501 земјоделец, а финансиската поддршка изнесува од 25 илјади до 30 илјади денари по хектар, во зависност од градинарската култура која се одгледува.

Со оваа исплата покриени се субвенциите за земјоделците кои одгледуваат домат, пиперка, краставица, тиква, кромид, брокула, лук, лубеница, зелка, тиквичка и останати градинарски култури низ цела територија на Македонија.

„Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, информираат од Министерството за финансии.

Претходно Министерството за финансии објави дека се исплатени 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци. Корисници на субвенциите се вкупно 1.054 земјоделци.

Минатата недела беа исплатени и субвенциите за лозарите и за тутунарите, и тоа пред законски предвидениот рок за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top