| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК да ги поддржи заедничките проекти на Македонија и Бугарија

popovski-vigenin

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Попоски и Кристијан Вигенин, до еврокомесарот за проширување Штефан Филе испратија заедничко писмо во кое велат дека Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион.

– Двете страни високо ги ценат можностите кои  ги дава ЕК за зајакнување на партнерството преку програмите за територијална соработка, насочени кон посилен и одржлив економски и социјален развој на регионите, на тој начин стимулирајќи го нивниот потенцијал – стои во писмото.

Сметаме дека треба да биде дадено приоритетно значење на постоечките проекти, кои се насочени кон развој на патната и железничка инфраструктура, со посебно внимание на Коридорот 8 ( исток-запад), посочуваат Кристијан Вигенин и Никола Попоски, нагласувајќи дека доделувањето на поголема финансиска помош за завршување на овие проекти е од клучно значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top