| четврток, 6 декември 2018 |

Сеир на социјалните мрежи на сметка на Демикелис

Симпатизерите на фудбалската игра му фаќаат сеир на Мартин Демикелис, стоперот на Манчестер сити, кој беше исклучен по стартот врз сонародникот од Аргентина Лионел Меси, на вчерашниот меч против Барселона во Лигата на шампионите.

Твитерџиите предничат во шегите, а на еден од најинтересните постови пишува: „Не е фер, Меси имаше предност во брзината, бидејќи го користеше автомобилот, па Мартин немаше шанса да го стаса“.

„Попрво Ренџерс ќе се вратат во Првата шкотска Лига, отколку што Демикелис ќе успее да истрча 100 метри“ и уште многу други шеговити пораки на сметка на играчот на Сити, се појавија на социјалните мрежи.

По стартот на Мартин над Меси, беше досуден сомнителен пенал за Барселона, што го резлизираше токму Меси за водство на Каталонците од 1-0. Притоа неговиот сонародник заслужено беше исклучен во 53. минута од мечот, што Барса го искористи и со уште еден гол си направи комотна предност од 2-0 пред реваншот во Шпанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top