
Војната на улиците во Киев траеше цела ноќ. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата има најмалку 25 загинати, меѓу кои и седум полицајци. Според руските медиуми сите полицајци биле убиени од огнено оружје. Повредени и ранети се повеќе од 200 луѓе.

Последниот напад на полицијата врз демонстрантите се случил во 4 утрото. На улиците се слушале силни експлозии.
Полицијата користела солзавци и водени топови во обид да го угаснат пожарот во зградата каде што бил сместен антивладиниот камп на главниот плоштад. Токму оваа зграда била мета на безбедносните сили кои се обиделе да ги отстранат од објектот опозициските демонстранти.

Додека одекнувале експлозии, лидерот на опозициските протести Виталиј Кличко барал од 20.000 демонстранти да го бранат кампот, но и во исто врме побарал помош од масата луѓе да ги евакуираат луѓето заробени внатре.
Претседателот на Украина Виктор Јанукович во своето јавно обраќање и порача на опозицијата дека ја „преминала линијата“ кога на демонстрантите им порачале на протестите да донесат и оружје.
Јанукович ги нарече овие луѓе „криминалци“ кои ќе одговараат пред судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


