| четврток, 6 декември 2018 |

И утре пролетно време, сонце и 22 степени

Македонија и утре ја очекуваат натпросечно високи температури за овој период од годината. Средината на неделата ни носи сончево време со мала облачност во северните делови на земјата.

Според „Метеопро“, минималната утринска температура ќе достигне и до еден степен, но затоа, пак, дневната ќе се движи околу 20 степен, а максимални 22 степени се очекуваат во Пелагонискиот и гевгелискиот регион.

Во Скопје се очекува повремено наоблачување, но сепак главната одлика на денот ќе биде сончевото време.  Минималната температура ќе има вредност околу еден степен, а максималната околу 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top