| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва сите погледи во мрежастиот фустан и деколтето на Ана (ФОТО)

Можеби во претходните емисии, изгледот на Емина Јаховиќ како дел од жирито на „Икс-фактор“ беше најозборуван, оваа вечер вниманието го привлекува Ана Грубин.

Познатата српска водителка за шесттата емисија во живо одбра смела комбинација на мрежаст фустан под кој носи само припиено боди. За целиот изглед да биде уште попровокативен, Ана одбра и длабоко деколте.

ana

Слична комбинација за една емисија од албанската верзија на шоуто одбра и нашата пејачка Туна Сејдиу, која е дел од жирито на „Икс-фактор Албанија“. Повеќе тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top