Штипјанец кој телефонски упатил лажна дојава на бројот 193 на штипската противпожарна единица, заработил казна од 300 евра. Оваа казна Основниот суд во Штип ја донел минатата година. Постапка годинава ќе биде започната и за неколку други граѓани, пренесува локалната телевизија „Ирис“.
Тие без потреба им се јавувале на пожарникарите и освен што лажно пријавувале, на пожарникарите им зборувале и недолични работи.
Судијата кривичар, а воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Стојан Михов, вели дека за лажна дојава, недолично однесување на граѓаните и задржување на телефонските броеви кои што се за да им помогнат на граѓаните од страна на институциите, се гонат прекршочно.
Од противпожарната единица во Штип велат дека нивниот список со 15-ина телефонски броеви веќе е комплетиран, ќе го достават до полицијата да ги открие сопствениците, по што против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.