| четврток, 6 декември 2018 |

МВР:Стечајците го нарушиja јавниот ред и мир за време на протестот

За време на денешниот протест од страна на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок-УНИТ поддржано од неколку невладини организации во повеќе наврати од страна на присутните беше нарушен јавниот ред и мир и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда, како и туркање на кордонот полициските службеници кои го обезбедуваат протестот, соопшти денеска МВР.

Од страна на полициските службеници е идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против него, како и против организаторот на протестот ќе се поднесат соодветни пријави.

– Околу 15,00 часот поголема бројка од присутните на протестот се разотидоа, а во моментот мирно простираат помал број лица, стои во соопштението од МВР.

Протестот, на кој учествуваа околу 600 стечајци, започна од пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот се движеа кон Собранието на Република Македонија и продолжија кон зградата на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top