
Немало труење во гостиварското средно економско училиште, покажале лабораториските и токсиколошките испитувања на нивната крв. Со оглед на негативните резултати, докторите немаат објаснување зошто учениците, но и повозрасните вработени во училиштето во петокот попладне се желеле на печење во очите и грлото и отежнато дишење.
Токсиколошките и резултати од истрагата на полицијата во текот на денот треба да ги добие гостиварскиот јавен обвинител. Со оглед на фактот дека труење немало, од него ќе зависи дали и кој би поднел одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


