Како што соопшти Министерството за финансии на средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваше 5.653.277.738 денари или 92 милиони евра. Заклучно со денеска, обврските на државата кон стопанството се намалени на 1.198.000.000 денари, односно на 19,5 милиони евра. Со тоа обврските од почетокот на отплатата се намалиле за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Ова, како што наведуваат од Министерството, докажува дека исплатата се одвива согласно утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари.
Владината мерка почна во септември минатата година, со цел подобрување на ликвидноста на фирмите.
Министерството за финансии истакнува дека Македонија е единствена од земјите во регионот која пристапи кон решавање на заостанатите обврски кон фирмите што беше признаено и пофалено од Светска банка и ММФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


