Грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос денеска во Белград изјави дека очекува помош од српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје.
Според Венизелос, Николиќ може да помогне имајќи предивид дека лично многу придонесол за воспоставување стабилност и пријателски односи во регионот, пренесува „Танјуг“.
Венизелос денеска во Белград, од каде како актуелен претседавач на ЕУ ја почна турнејата низ земјите од Западен Балкан, освен со Николиќ се сретна и со премиерот Ивица Дачиќ и со првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ.
Венизелос од Белград заминува за Приштина, а потоа за Скопје каде што в четврток, според најавата од грчкото МНР, треба да има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



