| четврток, 6 декември 2018 |

МИА одбележува 22 години од основањето

miaМакедонската информативна агенција денеска одбележува 22 години од основањето, односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.
– Заради целосно, навремено и објективно информирање на граѓаните, како и за информирање на меѓународната јавност за активостите на републичките органи и другите субјекти во Републиката се основа јавно претпријатие под името Македонска информативна агенција, стои во основачкиот документ на Законодавниот дом од 18 февруари 1992 година со кој се положи темелот на МИА.
Сепак, активирањето и функционирањето на Агенцијата се одложуваше наредните 5-6 години. Тогашната влада реши професионалното агенциско работење да го супституира со основање на Македонско прес биро (МПБ), кое функционираше во рамките на тогашното Министерство за информации.
Во почетокот на 1998 владата донесе одлука МИА да се активира и да профункционира како јавен информативен сервис, а истата година на 30 септември почна и редовната продукција на вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top