| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално: средношколците и професорите од Гостивар не биле во допир со никаква опасна материја

medicinska analiza

Во телата на средношколците и на професорите од гостиварското средно училиште немало никакви опасни супстанции што би влијаеле на нивното здравје, покажало супервештачењето, дознава „Република“ од извори во истрагата.

Според нашите извори, неофицијалните резултати покажале дека пациентите не биле во допир со никаква материја опасна по човечкиот организам.

Од клиниката за токсикологија ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат информациите на „Република“. Претходно, беше најавено дека денеска официјално ќе бидат соопштени резултатите од истрагата.

Првичните резултати од тестирањата и прегледите врз пациентите, кои беа извршени во петокот, исто така, покажаа дека тие не биле во контакт со опасни материи.

Во петокот шеесетина лица, меѓу кои 50тина ученици, од кои 11 беа примени на токсикологија, се пожалија на тешкотии во дишењето предизвикано од труење со гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top