Раде Шербеџија е едно од имињата што ќе играат во петтата сезона на светски познатата серија „Опатијата Даунтон“ (Downton Abbey). Серијата, која е во продукција на „Би-Би-Си“, постигна огромен успех и во САД, добитник е на два „Златни глобуси“ и уште триесетина други награди.
Во неа се прикажани животите на аристократското семејтво Кроли и нивната послуга, кои заедно живеат во замокот Даунтон.
Холивудскиот актер со српско-хрватско потекло повторно ќе игра Русин, кој побегнал од својата родна земја по Првата светска војна.
Првата епизода од четвртата сезона на драмата во Велика Британија ја гледаа рекордни 12 милиони обожаватели, а тоа се смета за најдобар успех за некоја серија во таа земја. Премиерата на петтата сезона се очекува оваа есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.