Новиот светски рекордер во скок со стап, Рено Лавилени нема да настапи на Светското првенство во Сопот идниот месец откако се повреди во Доњецк при обидот да прескокне 6 метри и 21 сантиметар. Францускиот ас минатиот викенд успеа да го урне рекордот на Сергеј Бубка, стар 21 година, скокајќи 6,16 метри, за еден сантиметар повеќе од дотогаш актуелниот светски рекорд на легендарниот Украинец.
Лавилени се обиде да се вивне уште повисоко, летвичката во Доњецки беше и на висина од 6,21 метри, но при првиот обид Рено незгодно доскокна и заработи 16 конци на левото стопало. Тој е актуелен светски првак, а го освои и златниот медал на Летните олимписки игри во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.