| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ со високи оценки – Македонија е макроекономски стабилна

mmf

На денешната средба помеѓу премиерот Никола Груевски и извршниот директор на ММФ, Мено Снел се разговарало на повеќе теми од областа на економијата и реформските процеси кои се важни за макроекономската стабилност и економскиот напредок на државата.

Извршниот директор на ММФ, Мено Снел ги поздравил реформите кои ги прави државата оценувајќи дека нивната реализација ја вбројуваат во редот на најамбициозните држави во регионот. Тој истакнал дека е добар и плодотворен фактот што Македонија е ангажирана во насока на привлекување на инвестиции и нејзина меѓународна промоција што е значаен фактор на тој план. Извршниот директор на ММФ, оценил дека Република Македонија води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна.

Тој потенцирал дека Република Македонија успева да изгради позитивна слика за реформите кои ги спроведува што допринесува за одржување на добра репутација значајна за странските инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top