| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на БиХ непријавениот имот ќе ѝ го подари на новинарка

niksic

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, денеска потпиша изјава со која се обврзува дека ќе го подари целиот имот што не го навел во имотниот лист на главната уредничка на весникот „Ослобоѓење“, Вилдана Селимбеговиќ.

Никшиќ го предал својот имотен лист до Централната изборна комисија, но Селимбеговиќ тврди дека премиерот поседува и имот што не го пријавил.

Селимбеговиќ тврди дека Никшиќ не го пријавил станот во Неум, додека премиерот тврди дека единствена разлика во имотниот лист е тоа што продал стан во Сараево и купил друг.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top