| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Поповски собра 10.000 потписи за кандидатурата за претседател

Popovski

Професор Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) е првиот официјален кандидат за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 13 април годинава, соопшти партијата, информирајќи дека тој прв успеал да ги исполни законските услови за кандидатура, откако за само еден и пол ден успеа лда собере повеќе од 10.000 потписи од граѓаните од сите краишта во Македонија.

– Ова е голем успех за Граѓанската опција на Македонија, со што граѓаните покажаа дека знаат да ја препознаат и поддржат третата политичка опција и дека ГРОМ е сериозна и организирана партија. ГРОМ со овој успех покажа дека има своја структура поддржувачи подготвени, под знамето на ГРОМ, да се борат на овие избори што ни претстојат за неполни два месеци – рече лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски на  попладневната прес конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top