| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот боб тим стигна до златниот медал

 

rusiРусите Александар Зубаков и Алексеј Воевода триумфираа на боб патеката во натпреварот на боб двосед во машка конкуренција.

Тие како Русија 1 во четирите трки четири пати имаа најдобро време и постигнаа вкупен резултат: 2:48.90 минути и за Русија го освоија петтиот златен медал на Игрите во Сочи.
Со заостанување од 50 стотинки сребрениот медал го освои Швајцарија1, додека на третото место се пласира тимот на САД 1.

Утре и задутре ќе се одржат натпреварите боб двосед за жени, а на 22 и на 23.февруари последните два дена од Игрите се натпреварите во боб четирисед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top