Премиерот Никола Груевски оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Мено Снел.
– Премиерот Груевски истакна дека Владата на Република Македонија го дава максимумот на полето на обезбедување на долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува околу 2 отсто во последните 10 години, како и обезбедување на низок буџетски дефицит. Премиерот Груевски го запозна соговорникот и со поволниот даночен пакет кој го нуди државата во насока на привлекување на инвестиции. Тој посочи дека во делот на даночниот систем воведен е најповолен пакет на рамни и ниски даноци и се поедноставени постапките за нивно пријавување и плаќање преку реформи во даночната администрација. Данокот на добивка и персоналниот данок на доход изнесуваат само 10 отсто што е најниско ниво во Европа, а од оданочување ја ослободивме задржаната добивка која не се распределува во дивиденди, истакна Груевски – се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Извршниот директор на ММФ оценил дека Република Македонија води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна.
– Поседувањето на јасна визија, амбиција и стабилност е она што го бараат и ценат инвеститорите, додаде Снел. Тој потенцирал дека Република Македонија успева да изгради позитивна слика за реформите кои ги спроведува што допринесува за одржување на добра репутација значајна за странските инвеститори – стои во соопштението.
Груевски и Снел изразиле подготвеност за продолжување на соработката и размена на искуства кои ќе придонесат за полна реализација на реформите и економски развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



