Четири лица се ранети во експлозијата во зграда во центарот на Истанбул, за која постојат сомненија дека е предизвикана од истекување гас, соопшти турската приватна телевизија НТВ.
Состојбата на еден од повредените е тешка.
Експлозијата се случи во уметничка галерија на улицата „Партелаш“, крај истанбулскиот плоштад Таксим. На местото пристигнале голем број противпожарни и медицински екипи. Полициски хеликоптер, исто така, бил испратен во реонот на експлозијата.
Четворицата настрадани се однесени во болница со различни изгореници и рани.
Според сведоци на настанот, бројот на ранети е поголем.
Експлозијата предизвикала голема паника меѓу граѓаните. Кон местото се упатиле голем број луѓе, кои сакаат да дознаат нешто за своите најблиски. Спасувачките екипи преземале мерки против нова можна експлозија.
Телевизиските снимки покажуваат искршени прозорци на неколку згради.
Според Ахмет Мисбах Демирџан, градоначалникот на истанбулската општина Бејоглу, каде се случи експлозијата, причината за експлозијата е истекување гас, а не тероризам. Тој предупреди за нова можна експлозија, забележувајќи дека во реонот уште се чувствува мирис на гас.
-Искршени се прозорците на шест-седум згради. Четири лица се однесени во болница. Има настрадани и меѓу минувачите, ја објасни моменталната ситуација градоначалникот на Бејоглу.
Според началникот на истанбулската полиција, Селами Алтанок, нема опасност по животот на ниту еден од повредните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



