Во 2012 година во светот имало 20,9 милиони жртви на трговците со луѓе и присилната работа, беше соопштено денеска, на почетокот на конференцијата за мерките за борба против трговијата со луѓе која во Виена ја организираа Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и Советот на Европа.
-Криминалните мрежи од трговци со луѓе им штетат на општеството на различни начини. Предизвикот на оние земји, во кои се носат жртвите од трговијата со луѓе, е во идентификацијата на жртвите и доследното казнување на сторителите на злосторствата. За да бидат успешни потребна е национална и меѓународна соработка – оцени министерката за правда на Швајцарија, Симонета Сомаруга.
– Иако постои напредок, пред нас се уште се големи предизвици – констатира генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд по повод анализата на актуелната состојба во 30 европски земји.
Според него, Ромите се пред се и натаму погодени од трговијата со луѓе, заради што е потребно засилување на мерките за помош и подобрување на соработката со приватните претпријатија со цел да се идентификуваат трговците со луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



