
Наставата во гостиварското Средно економско училиште се одвива нормално, откако во петокот беше прекината по случајот со труење од гас.
– Наставата во првата смена е почната според распоредот и учениците и наставниците се на часови. Очекувам наскоро и информација од обвинителството и се надевам дека истаржните органи ќе го решат случајот – изјави Јованка Огњаноска, директорката на Средното општинско економско училиште „Гостивар“.
Гостиварската јавност сè уште го коментира случајот, но јавно никој не посочува виновници, дали имало труење и што го предизвикало.
Јавниот обвинител Ахмет Ахмеди, кој ја води истрагата за настанот уште не ги добил резултатите од анализите. Кога ќе ги добиел тогаш и ќе кажел повеќе, дотогаш нема да дава изјави за настанот, бидејќи, како што рече, истрагата е во тек.
Во петокот 60-ина лица (ученици, наставници, обезбедувач и полицаец) побараа медицниска помош. Од нив 14 беа згрижени на Клиниката за токсикологија во Скопје, поради симптоми на труење. Ден подоцна, сите се пуштени на домашно лекување без последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


