Барселона го растури Рајо Валјекано со 6-0 во 24. коло од шпанското првенство, а патем пред мечот имаше мала прослава со која се одбележи редок феномен. Клубот од Каталонија има неверојатни 100 милиони обожаватели на социјалните мрежи, што е рекорд во светот на спортот.
Меси, Нејмар, Пујол, Иниеста, Чави и останатите мегаѕвезди на Барса се вистински магнет за навивачите на сите континенти, а играчите на каталонскиот клуб со гордост се сликаа со паното на кое стоеше бројката од 100 милиони следбеници на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


