| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП: Годинава многу повеќе даночни пријави од лани

ujp danok222

До Управата за јавни приходи досега се поднесени 23565 годишни даночни пријави од кои 120 се поднесени електронски преку системот е-даноци.  Минатата година биле поднесени 174181 даночна пријава, а од УЈП очекуваат оваа година бројот да се големи на 200000 даночни пријави, информираа денеска од УЈП на прес-конференција.

Околу 10600 граѓани се веќе регистрирани на системот е-даноци и имаат можност својата годишна даночна пријава да ја поднесат по електронски пат.

– За сите информации за поднесување годишни даночни пријави граѓаните можат да се информираат на веб-страницата на УЈП, достапни се брошури и информативни материјали како и интерактивно упатство кое чекор по чекор ги води граѓаните како да ја пополнат својата даночна пријава – информираат од УЈП.

Доколку граѓаните имаат проблеми со пополнувањето на апликацијата, можат да се обратат во информативниот центар на УЈП на бесплатната телефонска линија 080033000.

Секој граѓанин резидент на Р. Македонија за остварените приходи по разни оснави има обврска  да поднесе годишна даночна пријава до УЈП. Годишната даночна пријава најдоцна се поднесува до 15 март во тековната година за остварените приходи во претходната година и таа се доставува до канцелариите на УЈП.

– За да им се олесни на граѓаните постапката за поднесување годишни даночни пријави УЈП направи одредени измени и поволности за физичките лица: сите оние даночни обврзници кои моментално се наоѓаат во Скопје можат годишната даночна пријава да ја поднесат во центарот законтакт на УЈП, пријавата може да се поднесе и електронски преку системот е-даноци доколку се регистрирани во тој систем. А, годишната даночна пријава може да се поднесе и преку пошта – потенцираат од УЈП.

Задолжителна даночна пријава треба да поднесат сите физички лица кои имаат остварено приходи во 2013 година кои подлежат на оданочување со Законот за персонален данок од доход. Задолжителна даночна пријава е потребно за личните примања остварени од закуп на движен или недвижен имот, приходите од кирија, приходите од авторски права, од игри на среќа и од наградни игри, за остварени приходи од капитални добивки.

Годишните даночни пријави даночните обврзници можат да ги симнат од веб-страницата на УЈП.

За остварените приходи во 2013 година немаат обврска да поднесат даночните обврзници  што оствариле приходи само по основа на плати, по основа на пензија, за вршење  стопанска дејност и по основа на оданочување од земјоделска дејност само доколку не оствариле и приходи по други основи.

Од оваа година, информираат од УЈП, има уште една измина, а тоа е дека ако во минатата години граѓаните ги добивале своите збирни пресметки од исплатувачите до 15 февруари оваа година е предвидено фирмите за исплатенте приходи да им ги дадат збирните пресметки на граѓаните до 15 јануари.

Новина оваа година е и тоа што и капиталните добивки од продажба на хартии од вредност се ослободени од оданочување и тие не се пријавуваат во годишната даночна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top