
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утрово околу 7 часот и 54 минути е почувствуван во Радовиш и околината.
Како што соопштува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот бил на 75 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


