| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсиле Американка која девет години не вратила касета во видеотека

kayla-michelle-finley.jpg w=649

Американката Кајла Мишеч Финели заврши во притвор и тоа за сосема бизарна причина. Таа во 2005 година од видеотека во Јужна Каролина изнајмила филм „Свекрвиште“ во кој главна актерка е Џенифер Лопез. И потоа не ја вратила видеокасетата.

Кајла отишла во полициската станица во Пикенс да пријави нешто сосема друго и тогаш во станицата виделе дека има налог за нејзино апсење. Потоа ја уапсиле минатата недела и 27-годишната Американка ја минала ноќта во затвор. Инаку, видеотеката од која ја изнајмила касетата веќе не постои. Откако не ја вратила навреме касетата, сопственикот ја пријавил.

Во полицијата тврдат дека порано, на домашна адреса неколкупати ѝ пратиле предупредување дека треба да го врати филмот, но и налог за апсење во 2005 година. Таа тврди дека нема добиено такви предупредувања, ниту пак налог за апсење.

Откако ја минала ноќта во затвор, таа излегла со кауција од 2.000 долари, пренесува весникот „Мирор“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top