| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Да се унапреди соработката меѓу домашните и странските компании

gruevski_9
– Стапката на деловна соработка меѓу домашните компании и странските инвеститори е на незадоволително ниво и потребно е унапредување на соработката, како и остварување на повеќе контакти – оцени премиерот Никола Груевски на денешната презенатација на работата на околу 20 странски инвеститори пред домашните компании, кои имаат потенцијал да станат нивни набавувачи.
– Владата ќе биде отворена кон деловната заедница и, најверојатно, ќе ангажира странска корпорација која ќе помогне да се симне бариеарата во остварување на деловните контакти – најави Груевски.
На денешната средба со домашните компании, странските инвеститори ќе ја презентираат  нивната работа и ќе ја нагласат потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top