| четврток, 6 декември 2018 |

Трговијата на мало во поповолна економска состојба

prodavnica-kupuvac

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, а е поповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2012 година, покaжуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на резервите во текот на четвртото тримесечје од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека бројот ќе се намали во однос на третото тримесечје од 2013 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2013 година забележале намалување во однос на претходното тримесечје.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните три месеци е дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2013 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 37,4 отсто, друго со 14,9 отсто, зголемената конкуренција со 12,5 отсто и зголемената понуда на пазарот со 10,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top