Од денеска може да се пријавува сомнителна храна на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22. Агенцијата за храна и ветеринарство го воведе овој број со цел потрошувачите 24 часа да можат да пријавуваат непрвилности од областа на храната, здравствена заштита и благосостојбата на животните.
Ќе може да се даваат и предлози за унапредување на работата на Агенцијата.
Граѓаните имаат право на анонимни јавувања, а доколку остават податоци, име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување.
Јавувањата на потрошувачите ќе бидат снимени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.