Во четири села од општина Липково биле затворени исто толку нелегални обложувалници во полициска акција која започнала завчера.
МВР соопшти дека на 15 февруари од страна на полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, спроведена е акциска контрола во четири спортски обложувалници на подрачјето на Општина Липково и тоа во селата Оризаре, Отља, Матејче и Опае при што е констаирано е дека сите објекти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерство за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту пак имаат фискални каси.Против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ке бидат поднесени соодветни пријави, додека пак од страна на УЈП ке бидат изречени соодветни глоби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.