Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) бара Владата да ги повлече од собраниска процедура предлог-измените на Законот за персоналниот данок на доход со кои се предвидува оданочување на секоја добивка (и најмала) од игрите на среќа со 10 проценти од вредноста на исплатата.
Од асоцијацијата бараат пред да се донесат измените на законот, да се направат дополнителни консултации, истражувања и пресметки во кои ќе земат активно учество.
Доколку не се прифати нивното барање за повлекување на законот, тие предлагаат да се прифати амандман за измена на членот 55, со кој се изедначуваат општите и посебните игри на среќа, односно да не се пресметува персонален данок на добивка на поединечна уплата што не го надминува износот од 5.000 денари.
– И со ова решение, иако не е најсоодветно, сепак двојно би се зголемил буџетскиот прилив по основа на персонални даноци на добивка од игрите на среќа, а нема да донесе трајни негативни импликации по играчите и индустријата – велат од асоцијацијата.
Донесувањето на предложените измени, според членовите на асоцијацијата, не соодветствува со реалното работење на спортските обложувалници и ќе го намали изборот и бројот на играчите на игри на среќа, но и ќе предизвика намалување на приходите кај организаторите на игри на среќа, отпуштање на вработени и крајно – намалени приливи во државната каса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход