Сопственици на маркет во Струмица се пријавени заради тоа што не платиле данок од близу 800.000 денари.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против ДПТУ „Грос Маркет“ ДООЕЛ Струмица и против М.К.(49), управител на наведеното друштво за сторени кривични дела даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.
Во текот на 2010 и 2011 година, пријавените со цел делумно одбегнување на плаќање на давачки кон државата, во образецот за пресметка на данок на додадена вредност навеле неточни податоци, со што била пресметана помала даночна основа, а исто така не пресметале и не платиле и персонален данок на доход, оштетувајќи го Буџетот на РМ во вкупен износ од 781.789 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.