Српскиот пејач, кој се смета за еден од најзгодните на Балканот меѓу своите колеги, ќе одржи свој концерт во Скопје. По емотивниот концерт за денот на вљубените на „Нокаут“, „Експо центар“ најавува ново исклучително музичко доживување, овој пат со Саша Ковачевиќ.
Концертот ќе се одржи оваа сабота, 22 февруари, а ќе почне по полноќ. Влезниците се веќе пуштени во претпродажба по промотивна цена од 250 денари до четврток (20 февруари) во „Југотон“, „Камарад Рамстор“, цвеќарница „Розе Веро 2“, а в петок и в сабота влезниците ќе чинат 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


