Францускиот обвинител Патрик Квинси соопштил дека по деталната истрага било утврдено дека нема докази оти некој е виновен за несреќата на скијањето во која седумкратниот светски шампион во Ф1, Германецот Михаел Шумахер, бил тешкоповреден. Шумахер се наоѓа во вештачка кома од 29 декември по тешкиот пад на скијањето во Мерибел во Франција, кога со глава удрил во карпа. Шумахер од тогаш е во болницата во Гренобл, каде што двапати бил опериран. Француските власти веднаш покренале истрага за да се утврдат сите околности за несреќата. Некои медиуми пренеле дека камерата која била на шлемот на Шумахер е главен виновник што шлемот се скршил на два дела. Меѓутоа, овие информации брзо биле демантирани.
– Не пронајдовме никакви докази дека постои виновник за тоа што се случило. Несреќата се случила надвор од патеката, а Шумахер не требало да скија таму. Патеката е направена според француските стандарди. Михаел ја напуштил истата и налетал на карпа, а потоа удрил со главата во друга карпа. Тој скијал 4,5 метри надвор од одредената патека – соопштуваат властите.
Било утврдено дека скиите и опремата биле во ред, но и дека Шумахер не скијал брзо. Детално била прегледана целата снимка од камерата која била на шлемот на популарниот Шуми. Лекарите пред 20 дена го почнале процесот на будење на Шумахер од кома со намалување на дозата седативи. Овој процес би можел да трае неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)


