Украинските демонстранти уапсени за време на антивладините протести во Украина, кои траат со месеци, добија амнестија откако опозицијата се согласи да ја прекине окупацијата на Градското собрание и други јавни згради во Киев.
Новиот закон со кој се повлекуваат обвиненијата против демонстрантите, влегува во сила еден ден откако активистите ги ослободија окупираните згради за време на протестите против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да го отфрли трговски договор со ЕУ, за сметка на поблиски односи со Русија.
Три месеци по почетокот на протестите опозицијата останува на плоштадот „Независност“, ветувајќи дека ќе го зголеми притисокот врз властите. Во почетокот на овој месец Јанукович го одобри Законот за амнестија за да се смират демонстрантите по крвавите немири во Киев, што ја потресоа земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени