Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ оваа недела ќе монтира 50 снимачи и 15 камери во градските автобуси. ЈСП склучи договор за нивната набавка со фирмата „Кенткарт“ од Турција вреден 2.795.420 денари или 45.233 евра. Од ЈСП велат дека со системот за видеонадзор и снимање ќе се зголеми безбедноста во автобусите. Снимките и камерите ќе ѝ бидат од помош на полицијата доколку се повторат инцидентите меѓу средношколците во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.