| четврток, 6 декември 2018 |

Поврзување на домашните компании со странските инвеститори

stopanska-komora-Околу 20 странски инвеститори во Македонија денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании, членки на трите стопански комори во земјата. Целта е да се поврзат домашните стопанственици со странските инвеститори и да се зголемат можности да станат нивни добавувачи.
На бизнис средбата, насловена „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“ ќе присуствува присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
По воведните обраќања, странските инвеститори ќе пристапат кон презентирање на нивното работење и истакнување на потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top