| четврток, 6 декември 2018 |

Лекиќ и Радичевиќ продолжуваат во ЖРК Вардар, Самсоненко прави тим од соништата

Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ остануваат во ракометниот клуб Вардар откако го продолжија договорот за уште две години, а Сергеј Самсоненко продолжува да гради тим од соништата. Со нив престојот во Скопје го продолжи и француската репрезентативка Сираба Дембеле, а се очекува истото да го сторат и останатите ѕвезди од редовите на македонскиот шампион. Вардарки се на добар пат да обебзедат пласман на завршниот турнир во женската ракометна Лига на шампионите, но тука не сопираат плановите на амбициозниот сопственик Самсоненко да направи уште подобар тим.

Во Вардар од идната сезона ќе играат и одличните интернационалки Андреа Пенезиќ од Хрватска, Словенката Барбара Лазовиќ и германската репрезентативка Ања Алтхаус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top