| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен натрапникот од Греми наградите

Човекот кој своеволно појави на сцената додека Адел ја примаше наградата Греми вечерта е уапсен и ќе му биде судено за  постапката. За време на доделувањето на овогодишните Греми награди, кои се оддржаа во неделата украинскиот ТВ водител Виталиј Седјук успеал да влезе без влезница. Тој се прошета по црвениот тепих и седна на местото на Асамо Левин од Maroon5, веднаш до Џастин Тимберлејк и Џесика Бил.

Кога Адел тргна да ја земе својата награда, Виталиј се качи на сцената и изјави:

-Чест ми е да ја примам оваа награда. Те сакам, Адел.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез со рака му дадоа сигнал да ја напушти сцената. Тој се тргна, а обезбедувањето го задржало зад сцената, по што бил и уапсен. Ноќта ја минал во затвор, а на суд за инцидентот ќе се појави следниот месец.

На Виталиј не му е прв пат да направи нешто слично на големите настани. На премиерата на филмот Man in Black 3 тој се обиде да го бакне актерот Вил Смит, а Мадона во една слична ситуација го одби неговото цвеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top