Од почетокот на годинава продажбата на горива во Србија опадна за 10 проценти, што ги принуди трговците да бараат дополнителни мерки за да ги вратат потрошувачите – попусти за викенд, намаленија, па дури и купување на гориво на три рати.
Бензинските пумпи што нудат бензин на рати без камата велат дека веќе почнуваат да ги чувствуваат резултатите од ваквата мерка, пренесе „Фактор“.
„Продажбата опадна и до 15 проценти на некои бензински пумпи. Куповната моќ е значително намалена, намалена е економската активност, нема пари. Сите мора да нудиме различни погодности за фирми, за постојани муштерии“, вели Бора Татиќ заменик-претседател на Здружението на приватни бензински станици во Србија.
Тој додава дека возачите го одмеруваат секој динар за да го надополнат резервоарот, а за полнење „до врв“ речиси никој веќе не размислува поради високите цени на бензините.
Со најголеми загуби работат бензинските пумпи во пограничните региони на Србија кон Македонија и Босна и Херцеговина. Во нашата земја и во Босна и Херцеговина цените на горивото се пониски отколку во Србија, па голем дел од жителите на овие погранични региони полнат бензин преку граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.