Сопствениците на имоти во Грција се под тревога, владата, исто така, е загрижена бидејќи даноците ќе го достигнат „таванот“, пишуваат грчките весници, кој додаваат дека тие годинава ќе треба да платат рекордни даноци за поседување на недвижен имот. Весникот наведува дека во 2014 година пет и пол милиони Грци ќе треба да платат за даноци по 715 евра. Даноците во земјата се зголемени за седум пати од почетокот на кризата во 2009 годнина, кога изнесувале 105 вера. Од владата уверуваат дека од 2015 година сопствениците ќе плаќаат помал износ бидејќи нема да има ретроактивни даноци, како минатата година.
Премиерот Андонис Самарас ветува дека данокот на имот во 2016 година ќе се намали и дека намалувањето ќе достигне 38 проценти.
Весниците, сепак, предупредуваат и за нови намалувања на платите во државниот сектор од март годинава, што може да изнесуваат и до 70 евра месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


