Буџетскиот вишок на Грција за 2013 година е во износ од преку 1,5 милијарда евра. Тоа е трипати над прелиминарните очекувања и ги надминува барањата на доверителите за дополнителна помош со долгот, изјави премиерот на земјата, Андонис Самарас. Минатиот месец грчкиот премиер го оцени примарниот суфицит на околу 500 милиони евра.
Ова е првпат во последните 10 години кога земјата регистрира вишок. Според аналитичарите, тоа ќе ѝ даде предност на Атина при преговорите со меѓународните кредитори.
Примарниот суфицит е клучен услов, дефинитивно од доверителите, за да им обезбеди на земјата дополнително финансирање.
Потсетуваме дека примарниот буџетски суфицит на Грција за минатата година според планот беше предвиден да биде во износ од 812 милиони евра, што е еднакво на 0,4% од БДП.
Токму буџетскиот суфицит беше една од главните пречки во преговорите, кои земјата ги води со доверителите за доделување дополнителни средства во спасувачката програма за одземање на земјата од кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


