| четврток, 6 декември 2018 |

Кајри Ирвинг блескаше на олстар-мечот, Истокот ја прекина доминацијата на западната конференција

Кајри Ирвинг блескаше на олстар-мечот и е прогласен за најдобар играч во Њу Орлеанс, во спектакуларната ноќ во која ѕвездите од Истокот славеа со 163-155 и ја прекинаа доминацијата на играчите од западната конференција.

Ирвинг постигна 31 поен со неверојатен удар од поле (14 од 17), а притоа додаде 14 асистенции и пет скока, гарнирани со неколку суператрактивни акции.

Кајри и соиграчите направија комплетен пресврт и надоместија негатива од 18 поени, во вечерта со неколку рекорди. Кармело Ентони постигна осум тројки, најмногу во историјата на овие дуели, потоа Дурент и Грифин заедно искомбинираа 76 поени, рекорд за тандем кошаркари што играче во иста селекција на олстар-дуелите. Грифин беше особено атрактивен со десетина забивања, постигна 38 поени, исто колку и Дурент, но крилото на Лос Анџелес клиперс постави рекорд со 19 коша од игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top