Агенцијата за катастар од денеска отвора мобилен шалтер во Драчево, општина Кисела Вода, со што им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните поврзани со одредувањето на катастарските парцели и средувањето на имотно-правните односи пристигнати до Катастарот, но и до Општина Кисела Вода. Според најавите, мобилниот катастар ќе функционира еден месец.
– Веруваме дека со отворањето ваква мобилна канцеларија на Катастарот, која ќе функционира еден месец, ќе овозможиме решавање на што поголем број случаи. Секако, ова се однесува на барањата за кои постои законска можност да бидат решени бидејќи често доаѓаат граѓани со нереални барања и очекувања иако знаат дека законско решение не е можно – најави минатата недела директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


