| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинска пролет на почетокот на неделата

soncevo

Неделата ќе ја почнеме со уште потопло време од викендот кој измина. И понатаму комбинацијата од антициклон и струење на топол воздух од југ ќе носи време кое е потипично за април отколку за средина на февруари.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност меѓу 15 и 19 Целзиусови степени низ котлините. Максимални 21 степен се очекуваат во југоисточната област од земјава.

Во Скопје се очекува сончево време со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне вредност околу 19 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top