| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски бездомник уплатил лото и станал милионер!

Homeless Hungarian man László Andraschek

Унгарски бездомник од Ѓер Ласло Андрешчек (55) последните пари ги дал за лото и станал милионер!

Уплатата тој на направил непосредно пред заминувањето во Будимпешта каде требало да се приклучи кон некоја работилница за поранешни алкохоличари. Всушнсот на железничката станица одлучил да земе лото ливче и избрал шест бројки. Вработената во трафиакта му рекла дека треба да избере уште еден број.

-И реков да го заокружи 24, и онака не ми беше важно – раскажува Андрашек.

Излегло дека тоа му била неговата најважна одлука во животот бидејќи со тоа лото ливче тој стана минатата еден најголем добитник на лотариајта во Унгарија. Кога мислел дека среќата му го свртела грбот, седум броеви му донеле добивка нешто поголема од два милиони евра.

Прва работа што направил е јавувањето на жената и децата за наградата, а потоа отплата на сите долгови со што свртел нова страница во својот живот. Потоа со велосипед отишол до салонот за автомобил и си купил скап автомобил.

Овој среќлија потоа на трите деца им купил по еден стан, а им го подарил и автомобилот бидејќи тој и неговата сопруга не возеле.

Усепал со парите да отплати и дел од долговите на блиски роднини и не планирал да ја троши целата добивка.

Во план му е патување во Италија штом ќе добие пасош.

Интересно е што до скоро не се знаеше кој е среќниот добитник на лото во Унгарија, се додека на почетокот на месецот не беше уплатена поголема донација на хостелот за бездомници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top