
Нов штаб на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов беше отворен во скопската наслеба Сопиште.
Пред присутните се обрати претседателот на ДС Трајанов, кој нагласи дека сите советници на Сопиште, без разлика на политичката припадност треба да работат на развој на општината, посебно на економскиот развој.
– Во општина Сопиште, посебно за сите населени места, приоритет е реконструкција на патот и обезбедување вода од Патишка река. За ДС е најважен профилот на кандидатот за претседател и ќе го поддржи оној кандидат којшто ќе работи на приоритетите на Република Македонија, а тоа се членство во НАТО и ЕУ. Без разлика на кадровските групирања и договарања, граѓаните ќе одлучат кој е најдобриот кандидат и на кого ќе му ја дадат довербата – велат од ДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопиште два дена без бода поради чистење и хлорирање на резервоарот Добри Дол
-
Делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир утре без струја
-
Мицевски до Шилегов: Граѓаните на Сопиште имаат чест, достоинство и крената глава, нешта што нема да ги имате до крајот на животот
-
Груевски од Сопиште: Владата да не прекинува прекинува проекти само затоа што ги започнало ВМРО-ДПМНЕ (Видео)


